Top Sport

Мекгрегор казнет 1.000 евра за боксирањето на старецот

Конор Мекгрегор доби казна од 1.000 евра, откако призна дека е виновен за напад на стариот човек во еден паб во Даблин, Ирска, откако тој одби да биде почестен со неговото виски „Пропер твелв“.

31-годишната УФЦ ѕвезда покрај признанието за вина и финансиската казна, достави и лично извинување до Десмонд Кеог, кој доби бокс во пабот „Марч арч“ во центарот на ирската престолнина.

Според сведочењето „Ноториус“ Мекгрегор донел шише од своето виски и турил во три чашки, а откако тој и уште еден посетител на пабот ги испиле, се почувствувал навреден кога Кеог му кажал: „Не сакам да го пијам тоа ср.ње“.

Мекгрегор подоцна јавно се извини за инцидентот и најави дека ќе ја прифати казната, а неговиот адвокат го уверуваше судијата дека „вакво нешто нема да се повтори“.

Мекгрегор удрил старец во паб навреден од тоа што тој одбил да го чести виски (видео)

Scroll to Top