Конор Мекгрегор пред долгоочекуваниот кам-бек во УФЦ кафезот повторно го предизвика својот стар непријател Хабиб Нурмагомедов, оценувајќи дека Русинот се „тресе“ на помислата на втор меч.
Ирецот ќе се бори со ветеранот Доналд „Каубој“ Серон на УФЦ 246 во Лас Вегас на 18 јануари, и со победа тој очекува да биде кандидат за дуел со победникот од мечот на УФЦ шампионот Нурмагомедов и Тони Фергусон. Нурмагомедов го победи Мекгрегор во октомври 2018 по повеќе месеци вербална војна меѓу двајцата, напад на автобуси, апсења и заврши со огромна мешаница во Лас Вегас по која двајцата добија суспензии.
Иако Нурмагомедов подолго време одбива можност за нов дуел со Конор, шефот на УФЦ, Дејна Вајт призна дека би било тешко да се избегне таква можност, поради публицитетот и парите кои ќе ги донесе.
„Тој се тресе! Не сака да го направи тоа. Сите го сфаќаат тоа. Се плаши да не загуби, а јас мирисам срање. Се плаши. Сите го сакаат тој меч. Шефот Дејна, ја, сите фанови. Може да бега, но нема каде да се крие, едвај чекам да се сретнеме“, вели Мекгрегор.
Зборувајќи за првиот пораз од Нурмагомедов, Ирецот се правда дека имал целосно погрешни подготовки и дека неговата агресивност едноставно исчезнала.
„Тој пораз дојде по ужасен камп каде што покажав непочитување кон тие кои веруваа во мене. Овојпат ќе биде поинаку“, објаснува Мекгрегор.