Конор Мекгрегор, една од најголемите УФЦ ѕвезди, продолжува со инцидентите во приватниот живот.
Ирецот е обвинет дека во Рим, му го скршил носот на Ди-џејот, Франческо Фачинети.
Мекгрегор и неговата сопруга биле заедно до Фачинети и неговата сопруга. Во еден момент Ирецот станал и неколку пати го удрил Фанчети. Веднаш интервенирало обезбедувањето, кое спречило поголем инцидент.
„Без причина ме удри. Имам впечаток дека можеше да удри било кого. Моите пријатели, сопругата или некој кој случајно се најде тука. Ќе го тужам. Конор е насилна и многу опасна особа“, напишал Фанчети на својот профил на Инстаграм.
Мекгрегор и неговиот тим не го коментирале инцидентот.