Top Sport

Мекгрегор: Нема шанси тој мал колбас Волкановски да е број 1

УФЦ мега-ѕвездата Конор Мекгрегор одамна го нема во октагонот, но тоа не му пречи преку социјалните мрежи да ја дава оценката за своите ривали, нарекувајќи го Александер Волкановски „мал колбас“ кој не заслужува да биде прворангиран фајтер на светот.

Поранешниот шампион во две тежински категории беше посебен коментатор на УФЦ 293 во Сиднеј на Твитер (сега „Х“), и апсолутно не се согласува со рејтинг листата на УФЦ.

„Како може тој мал колбас Волкановски да биде број 1. Смешно. Тоа е смешно“, коментираше Мекгрегор.

Австралиецот со македонско потекло веднаш одговори на предизвикот.

„Ајде да го направиме тоа на УФЦ 300, шампиону“, напиша Волкановски.

Scroll to Top