Top Sport

Мекгрегор пак морбиден: Ако Хабиб умре, ќе ме платат двапати!

Конор Мекгрегор повторно прати „морбидна“ порака до својот следен противник во УФЦ рингот, Хабиб Нурмагомедов, порачувајќи дека мечот може да заврши со смрт на противникот.

Ирската ММА мега-ѕвезда се враќа во октагонот следниот месец на УФЦ 229 по „авантурата“ во боксерскиот ринг и поразот од Флојд Мејведер Јуниор, против непоразениот шампион во лесна категорија од Русија, во меч кој предизвика контроверзи уште пред да биде закажан.

Мекгрегор во април заедно со неговите другари го нападна автобусот во кој се наоѓаше Нурмагомедов во Њујорк, за што доби кривична пријава, но сега пред својот прв ММА меч од 2016 година, „Ноториус“ прати порака преку Инстаграм.

„Ако умре, умре, тогаш ќе ме платат двапати“, напиша Мекгрегор.

И од другата страна има доста најави за бруталност. Откако Мекгрегор го нарече таткото на Нурмагомедов, Абдулманап „страшна кукавица“, тој одговори дека неговиот син ќе го „погреба“ Мекгрегор и нема да се заборават зборовите.

„Ментално, тој не може да ни влезе под кожа“, изјави таткото Нурмагомедов.

 

View this post on Instagram

 

If he dies, he dies then I’m paid twice.

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

Scroll to Top