Ирската УФЦ ѕвезда, Конор Мекгрегор, не може да го заборави поразот од Хабиб Нурмагомедов. Мекгрегор редовно на социјалните мрежи упатува навреди на адресата на Дагестанецот.
Мекгрегор и пред нивната борба, лани во Лас Вегас, го навредуваше Нурмагомедов, кога ја навредуваше неговата религија и му нудеше од неговото виски.
Сега се чини дека Ирецот ја мина границата, бидејќи на „Твитер“ ја навредил сопругата на Нурмагомедов.
Мекгрегор под фотографијата од венчавката на Нурмагомедов и неговата сопруга, која според исламските обичаи е покриена, напишал.
„Твојата жена е пешкир“…
Откако постот имал многу негативни коментари, меѓу кои и дека е исламофоб, Мекгрегор го избришал.