Top Sport

СЕХА: Веспрем се враќа и се менува натпреварувачкиот систем

Регионалната ракометна лига, СЕХА, од наредната сезона ќе биде проширена со две нови екипи, а како што од Белурусија најавија челниците на лигата, ќе има и промени во системот на натпреварувањето.

Двократниот освојувач на СЕХА лигата, Веспрем, повторно ќе се натпреварува во оваа конкуренција. Унгарците со лигата потпишале три годишен договор.

Покрај Веспрем, како што рекол првиот човек на СЕХА лигата, Михајло Михајловски, и наредната сезона Македонија, Хрватска и Србија ќе имаат по две екипи, а сигурни учесници се Мешков Брест и Татран Прешов.

Лигата била во контакт со Целје и можно е овој тим од Словенија да биде учесник, додека Горење не е во комбинација. Исто така, Михаловски, информира дека ПИК Сегед од Унгарија нема да биде дел од СЕХА во наредната сезона.

Значајна одлука е дека од наредната сезона, СЕХА лигата ќе се игра во две групи, со по шест екипи.

фото/seha-liga.com

Scroll to Top