Top Sport

Мекгрегор против Масвидал на „Островот на борбите“?

Конор Мекгрегор може да влезе во кафезот со Хорхе Масвидал за појасот за „Baddest Mother Fucker“ (БМФ) на Островот на борбите на газдата на УФЦ, Дејна Вајт оваа година.

БМФ појасот е посебно изработен од страна на Вајт, и Мекгрегор во минатото ја одби понудата да се бори за оваа титула и наместо тоа стана првиот шампион во три тежински категории во УФЦ. Масвидал пак, по победата над Нејт Дијаз е многу блиску до трофејот.

Вајт сега вели дека има „интересни планови“ за двајцата, односно борба на „Островот на борбите“, приватниот остров на газдата Вајт каде што тој гради посебна арена за борби.

„Секако, дека постои можност за дуел на Масвидал и Мекгрегор. Дали тоа ќе биде најголемиот меч во историјата на УФЦ? Не знам, бидејќи Конор-Хабиб беше огромен меч… Но, секој меч на Конор е огромен. Тони и Хабиб, ако успееме да го направиме, ќе биде огромен меч“, вели Вајт.

Иако Вајт не открива каде се наоѓа неговиот остров каде што октагонот е поставен на плажата, тој тврди дека тој ќе биде подготвен за мечеви веќе следниот месец.

„Во јуни ќе можеем да организираме мечеви таму. Во мај ќе имаме загревање со три настани на Флорида, по што во јуни ќе почнеме со дуели таму“, вели Вајт.

Scroll to Top