Top Sport

Дали Јуве ќе зажалат што ги пуштија „странците“ да се вратат дома?

Клубовите од Серија А полека ќе почнат со тренинзите, а во Италија се сомневаат дека Јувентус направиле голема грешка што дозволиле нивните фудбалери да останат толку далеку надвор од Италија.

Кристијано Роналдо вчера навечер пристигна во Торино со приватен авион, враќајќи се во Италија првпат од почетокот на март и сега мора да има 14-дневен карантин со неговото семејство.

Гонзало Игуаин уште е во Аргентина и не е јасно кога и дали планира да се врати во Италија поради болеста на неговата мајка. До минатиот викенд, дури 10 фудбалери на „бјанконерите“ беа во странство: Роналдо, Игуаин, Сами Кедира, Алекс Сандро, Даглас Коста, Данило, Војчех Шчесни, Блез Матуиди, Адриен Рабио и Матијс де Лихт. Случајот на Де Лихт е најчуден, бидејќи тој замина во Холандија да го види своето семејство неколку дена пред крајот на забраната за тренинзи.

Во меѓувреме, тренинг центарот Континасасе отвори вчера, и денеска дел од фудбалерите пристигнаа на работа, за да бидат тестирани, пред да им се дозволат тренинзи со мерки за дистанцирање, кои домашните фудбалери веќе ги комплетираа.

За разлика од Јуве, поголемиот дел од клубови од Серија А им забранија на своите играчи да си заминат од Италија, или тие се вратија пред некоја недела за да го комплетираат периодот на карантин.

Scroll to Top