Утре, во раните утрински часови, по средно-европско време, во Лас Вегас ќе се одржи мечот во УФЦ помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.
Утрово во преполната арена (20.000 места) беше одржано официјалното мерење на борците. „Средбата“ не можеше да мине без искри, Мекгрегор константно го провоцираше својот противник, кој тоа го испрати со студен израз на лицето.
Во еден момент Мекгрегор се обиде да го удри со нога Нурмагомедов.
Ирецот последената борба во УФЦ ја имал во 2016 година кога го победил Еди Алварез и на тој начин ги обедини титулите во лесна и перо категориите. Поради неактивност подоцна му беа одземени титулите. Од друга страна, Нурмагомедов има серија од 26 победи, што е најдолгата победничка низа во историјата на ММА.
CAN. NOT. WAIT!!!
Khabib Nurmagomedov and Conor McGregor square off before #UFC229!! pic.twitter.com/Eplumi0Enc
— UFC Europe (@UFCEurope) October 6, 2018