Менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз, повторно упатил навредливи коментари за Ирецот Конор Мекгрегор.
Мекгрегор неодамна го нарече Нурмагомедов „кукавица“ откако тој се повлече од закажаниот меч со Тони Фергусон. Дагестанецот требаше да се бори со Фергусон на 18 април но реши да се откаже поради пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19.
„Им зборува на луѓето да останат дома, а Хабиб е виновен бидејќи не може да патува и го нарекува кукавица. Од друга страна се преправа дека донира милиони. Сѐ кај него е лажно“, рекол Абделазиз.
Менаџерот на Нурмагомедов тврди дека Мекгрегор не е меѓу најдобрите борци во лесна категорија.
„Конор не е број1, не е број 2, ниту број 3. Редоследот е Хабиб, Џастин, Фергусон, а Конор е на четвртото место. Не се наоѓа во нашите планови. Тој изгледа како љубоморна проститутка која е премногу стара за да може да заработи пари“, заклучил Абделазиз.