Top Sport

Фернандо Алонсо мајсторски на дождот за победа на 24 часа Дејтона!

Кариерата на Фернандо Алонсо во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) започнува со фантастична победа на 24 часа Дејтона како дел од тимот Вејн Тејлор рејсинг, заедно со колегите Камуи Кобајаши, Ренгер ван дер Цанде и Џордан Тејлор, откако поради лошо време трката заврши предвреме.

Трката беше прекинувана и рестартирана неколку пати на дождот, за на крајот поранешниот двократен шампион Алонсо да стигне до победа откако по 22. час помина уште еден поранешен Ф1 возач, Фелипе Наср и остана на првото место. Алонсо стартуваше како 13. и заврши како 13. минатата година со тимот на Лижие. Наср заврши како втор, додека трет беше Александер Роси.

Scroll to Top