Top Sport

Мекгрегор се враќа во УФЦ

Дејна Вајт, претседателот на УФЦ, потврдил дека Конор Мекгрегор го потпишал договорот и дека наскоро ќе се врати во октагонот.

Ирецот првата борба ќе ја има на 18 јануари наредната година на УФЦ 246 во Лас Вегас. Негов противник ќе биде 36 годишниот Американец Доналд Сероне.

Сероне е рекордер според бројот на победи (23) и прекини (16) во УФЦ. Тој е поразен во својата последна борба од Џастин Гатје.

Мекгрегор последната борба ја имал на 6 октомври минатата година кога подобар од него беше Хабиб Нурмагомедов.

Scroll to Top