Конор Мекгрегор, лутиот ривал на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов преку социјалните мрежи понуди сочувство по смртта на таткото и тренерот на шампионот, Абдулманап Нурмагомедов.
И покрај лутото ривалство со Хабиб, кое секогаш има своја слика и на социјалните мрежи, овојпат Мекгрегор објави кратка порака на сочувство за 57-годишниот Нурмагомедов.
„Губење на татко, тренер и посветен поддржувач на спортот. Сочувство и почивај во мир Абдулманап Нурмагомедов“, напиша Мекгрегор.
Слични пораки со сочувство пратија и од тимот на Мекгрегор, „СГБ Ирска“, вклучувајќи го и неговиот тренер Џон Кавана и долгогодишниот тренинг-партнер на Мекгрегор, Питер Квили.
Мекгрегор претходно изјави дека се моли за опоравувањето на Абдулманап, но подоцна напиша дека болеста на Абдулманап се користи како изговор за избегнување на враќање во октагонот.
Абдулманап претходно му „прости“ на Мекгрегор за тепачката која се случи по мечот во октомври 2018 година, и го искара сопствениот син.
„Му простувам на Конор Мекгрегор, тоа е во минатото. Секогаш прави анализа на тоа што се случило и извлечи лекција“, изјави Абдулманап по мечот.
The loss of a father, a coach, and a dedicated supporter of the sport. Condolences and rest in peace Abdulmanap Nurmagomedov.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) July 3, 2020