Top Sport

Мекгрегор вети дека ќе го остави вискито за да се подготви за камбек

Конор Мекгрегор им порача на своите фанови дека ќе престане со алкохолот и ќе се врати на тренинзи пред камбекот во УФЦ кафезот оваа година.

Ирецот се опоравува од скршената нога која ја доби во јули при поразот од лутиот ривал Дастин Поаире, и откако последните неколку недели објавуваше фотографии од неговиот паб „Блек форџ ин“ во Даблин, преку Инстаграм прати порака до фановите, фалејќи се дека неговиот бренд пиво одлично се продава.

„’Forged Irish Stout’ е лидерот по продажба во светот. Сите во оваа индустрија знаеме дека ова е нешто што не се случило досега. Тоа е знак дека сум на добар пат. За моите фанови, сакам да ви кажам дека уживам во мојата течност, но наскоро ќе се вратам на целосни тренинзи и целосно ќе апстинирам од моите пијалоци. Само уште 5 минути, мама“, напиша Мекгрегор.

Scroll to Top