Конор Мекгрегор сакаше да се претстави како совршениот семеен човек со споделување на портрет на неговиот „клан“ на вечера во хотелот „Риџенси“ во Менхетен, по бурните неколку дена во кои беше уапсен и обвинет за напад на автобусот со кој се превезуваа УФЦ борачите на УФЦ 223 во Њујорк.
Заедно со својата долгогодишна партнерка Ди Девлин и нивниот 11-месечен син Конор Јуниор, Мекгрегор изгледаше смирено и фокусирано.
„Ја имам најдобрата работа на светот – да се грижам за моето семејство. Ако сите се грижиме за своите, тогаш сите ќе бидеме згрижени“, напиша Мекгрегор.
Тој беше пуштен да се брани од слобода со кауција од 50.000 долари, но ако биде осуден за сите обвинувања го чека затворска казна до седум години. Од УФЦ засега не објавија дали тој ќе биде казнет, иако претседателот на федерацијата, Дејна Вајт посочи дека ова ќе има „огромно влијание“ во кариерата на Ирецот.