Top Sport

Мекгрегор: Војната со Нурмагомедов не е готова

Конор Мекгрегор тврди дека неговата „војна“ со Хабиб Нурмагомедов не е готова и констатира дека реваншот ќе се случи порано или подоцна, бидејќи и двајцата ја посакувале таа борба.

Нивната прва пресметка, покрај победата на Нурмагомедов се памети и по инцидентите што се случија по мечот. Двајцата добија парични казни, а Нурмагомедов доби и девет месечна суспензија.

„На крајот од денот, јас бев тој што тогаш го зададов последниот удар и тоа во главата на братот на Хабиб. Можеби не ја добив борбата ама ја добив војната“, истакнал Мекгрегор во разговорот со Тони Робинсон и дополнил.

„Верувај ми Тони, ти велам, војната не е готова. Доколку нема нова борба тогаш тие ќе бидат поразени. Тие бегаат, јас сум тука и го чекам реваншот“.

Scroll to Top