Top Sport

Претседателот го замолил да се врати во репрезентацијата

Легендата на фудбалот во Гана, Асамо Гјан, сепак ќе настапи за националниот тим на претстојниот Куп на африканските нации. Првенството на Африка ќе се игра во Египет од 21 јуни до 19 јули, а Гана се наоѓа во Ф-групата заедно со Камерун, Бенин и Гвинеја Бисао.

Гјан пред три дена ја шокира јавноста во својата земја со одлуката да се повлече од репрезентацијата. Напаѓачот на Кајсериспор бил лут бидејќи селекторот Апија решил капитенската лента да му ја додели на Андре Ају.

„Не можам да ја прифатам одлуката на селекторот да му ја додели капитенската лента на некој друг додека сум јас тука“, рекол 32 годишниот Гјан.

Пресврт во приказната настанал кога на фудбалерот му се јавил претседателот на Гана Нана Акуфо-Адо. Тој го замолил Гјан да ја прифати одлуката на селекторот и да ја повлече својата одлука.

„Претседателот ме замоли да ја повлечам одлуката. Такво барање едноставно не можете да одбиете. Ќе му се ставам на располагање на селекторот за Абфриканскиот Куп“, рекол Гјан.

Асамоа Гјан за гана дебитирал на 17 годишна возраст, во 2003 година. За националниот тим има одиграно 106 натпревари, а со 51 постигнат гол е апсолутен рекордер. Во кариерата настапувал за Удинезе, Модена, Сандерленд, Ал Аин, Шангај СИПГ.

Scroll to Top