Патрик Мекинро, поранешен американски тенисер, ги коментираше медицинските третмани на Рафаел Надал. Надал неодамна ја освои 14.та титула на Ролан Гарос со „помош“ на инјекциите што ги доби за да го „заспие“ повреденото стапало.
Познатиот Американец зборуваше за лековите на Рафа и теориите на заговор.
„Надал продолжува да победува.Не знам како го прави тоа, вели дека пие лекови против болки. Не сум доктор и не знам за што се работи. Сега во светот на тенисот се појавуваат теоретичари на заговор. Постои теорија дека Надал се допингува, дека користи некаква недозволена супстанца“, рече Мекинро и продолжи.
„Постојано тестирајте го на сите големи турнири и анализирајте што точно вбризгува во стапалото, но мислам дека тоа е само нешто против болка. Повторувам, не сум доктор и не знам точно што е тоа, но ако тоа беше нешто нелегално, мислам дека одамна ќе беше откриено“.