Првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен, во женската конкуренција, ќе добие нова шампионка, откако бранителката на трофејот Каролина Вознијацки, го заврши својот настап во третата рунда. Подобра од Вознијацки беше Марија Шрапова.
Шарапова, имаше периоди на фантастична игра, во кои потсети на своите најдобри денови. На крајот пресуди неверојатната серија од пет гема што Шарапова ги освои во првиот сет. Руската тенисерка, во првиот сет од 1:4 стигна до 6:4.
Вознијацки успеа да се опорави од шокот и по голема борба со идентични 6:4 го доби вториот сет и израмни на 1:1.
Шарапова отпорот на противничката го скриши по петтиот гем во третиот сет, кога со серија од четири гема, по два часа и 26 минути г заклучи мечот.
Во четвртото коло Шарапова ќе игра против Ешли Барти.
Третото коло го минаа Слоун Стивенс и Анастасија Пављученкова. Американката и Русинката ќе се сретнат во четвртото коло.
Стивенс во два тај-брејка успеа да ја совлада Петра Мартиќ од Хрватска, додека Пављученкова беше убедлива против Алијаксандра Сасновќ од Белорусија со 6/0, 6/3.