Top Sport

Неверојатен подвиг: Јасмин Парис победи на трката на 431 километар

Јасмин Парис од Единбург е вистински пример за тезата дека речиси секојдневно се поместуваат границите на издржливоста на човечкото тело. 35-годишната Парис стана прва победничка на ултра маратонот Монтејн Спајн, чија должина изнесува 431 километри.

Парис, делницата од Дербишир во централна Англија, до границата со Шкотска ја минала за 83 часа, 12 минути и 23 секунди. Неверојатно е што Парис за 12 часа го подобрила претходниот рекорд.

„Беше многу тешко. Две третини од времето беше ноќ. Оваа трка е на секој начин поразлична од другите бидејќи трае нон-стоп. Кога дојдов до последната делница, мислев дека крај секој камен гледам некакво животно, почнав да заборавам што правам. Тоа беа халуцинации“, рекла Парис.

Покрај физичкиот напор, Парис во текот на трката се соочи и со мајчински должности. Таа станала мајка пред 14 месеци, поради што на секоја станица ја чекал сопругот со пумпичка за извлекување на млеко за бебето.

И покрај тоа Парис победи во оваа брутално тешка трка во која се натпреварувале и мажи.

Scroll to Top