Top Sport

Мешаниот тим на САД „златен“ на слободно скијање

Репрезентација на САД, успа да ги победи фаворизираните домаќини, во натпреварот на мешани тимови, во дисциплината Ериалс, во слободно скијање на Зимските олимписки игри во Пекинг. САД го освоија четвртиот златен медал во досегашниот тек на игрите, со што на листата на најуспешни држави се искачија на третото место.

Тимот на САД, во состав: Епли Колдвел, Кристофер Лилис и Џастин Шенфелд, во финалето освои 338,34 поени. Тие за 15 поени ја победија Кина. Су Менгтао и Ки Гунагпу имаа речиси совршени скокови, но кикс направи Ји Зонгјанг. Само тој имаше помалку од 100 поени.

Бронзата му припадна на мешаниот тим од Канада во состав: Марион Тено, Миха Фонтејн и Луис Ирвинг.

Scroll to Top