Top Sport

„Местото на Хабиб е во неговото психијатриско село, не треба да ја претставува Русија“

Рускиот новинар Олег Кашин во негативна конотација, на радиото „Правда“, говорел за шампионот во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов. „Хабиб не би требало да ја претставува Русија во светот“, рекол новинарот.

Познатиот новинар го омаловажувал борецот од Дагестан, кој во моментов е една од најголемите ѕвезди во ММА.

„Имаме многу современи херои. Тука е пилотот кој безбедно го приземји авионот во поле, имаме големи освојувачи на олимписки медали, спортисти и го имаме Хабиб“, рекол Кашин и продолжил.

„Секако овде не му е место на Хабиб. На Хабиб местото му е во неговото психијатриско село, тој не би требало да ја претставува Русија во светот“.

„Неговото име не е страшно. Иметот Хабиб е смешно. Тој е комичар што ја диsкредитира Русија во светот. Не сакам мојата земја да ја поврзуваат со борбите на тие хулигани. Сaкам Русија да биде претставена со својата култура и со своите вистински спортисти, а не да биде претставена со животински борби. Јас би ги забранил ММА, тоа може да се израмни со оружје“, рекол Кашин.

Веднаш на овие зборови реагирал таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов.

„Секогаш има злобни луѓе. Никој не може да ги запре. Злобните луѓе се обидуваат да ни ги расипат подговoтвките“.

Хабиб Нурмагомедов е непоразен шампион во лесна категорија, иам 28 победи во исто толку борби. Тој титулата ќе ја брани на 18 април против Тони Фергусон.

Scroll to Top