Top Sport

Општа тепачка на меч во женска кошарка (Видео)

Десет кошаркарки и две службени лица биле суспендирани по тепачката која се случила по завршувањето на натпреварот помеѓу универзитетите Тексас Саутерн и Алабама Стејт. Натпреварот е одигран во главниот град на Албама, Монтгомери.

Дуелот одигран во рамките на Југозападната конференција завршил со победа на Тексас Саутерн 81:54.

Инаку инцидентот го иницирале кошаркарките на Тексас Саутерн. Ова не е прва тепачка за кошаркарките на Тексас. Пред пет години универзитетот бил суспендиран поради серијата инциденти.

„Длабоко сме разочарани од она што се случи. Инцидентот фрли сенка врз сјајната игра на нашите кошаркарки. Ќе го истражиме целиот случај, ја почитуваме одлуката на спортската комисија. Можам само да најавам серија напорни разговори со кошаркарките и тренерот“, рекол потпретседателот на спортската секција на Тексас Саутерн универзитетот.

Спортската комисија им изрече суспензија на десет кошаркарки (по пет од двата универзитети) и на две службени лица.

Scroll to Top