Top Sport

Метјуз по пауза од пет години запиша етапна победа на Тур де Франс

Австралиецот Мајкл Метјуз е победник на 14-та етапа на Тур де Франс, долга 192,5 километри од Сент Етјен до Менде.

Ова беше негов прв етапен триумф на познатата трка по пауза од пет години, а бидејќи направи голема разлика на целта во однос на голем дел од групата, скокна од 13-то на седмото место во генералниот поредок.

Второто место му припадна на Алберт Бетиол, а трет беше Французинот Тибо Пино.

14.етапа донесе интересна беше борбата меѓу водечките во генералниот пласман, Данецот Јонас Винегор и Словенецот Тадеј Погачар.

Погачар, двократен победник на Тур, неколку пати се обиде да му побегне на Винегов на искачувањата, но безуспешно. Данецот цело време го следеше темпото на Словенецот.

Погачар е успеа да ја намали вкупната разлика зад Винегор, кој во пресрет на 15. етапа, последна во втората натпреварувачка недела, има предност од две минути и 22 секунди.

Утре, од Родез до Каркасон ќе се вози 15. етапа со вкупна должина од 202,5 километри.

 

Scroll to Top