Популарниот британски веб-сајт „Метро“, ја пренесува фантастичната и инспиративна приказна на македонскиот млад тенисер Дарко Грнчаров и неговата борба со здравствените проблеми и љубовта кон тенисот.
20-годишниот Грнчаров пред година дена беше на добар пат да го има своето професионално деби на турнир во Турција во декември 2016 година, пред да му пукне крвен сад во мозокот и да добие мозочен удар по што беше во кома шест месеци.
„Имав удар на десната страна од мозокот. Неколку дена по ударот, се разбудив два часа и се сеќавам дека само врескав бидејќи главата ме болеше. Следното нешто на што се сеќавам е моето будење шест месеци подоцна. Не можев да одам неколку месеци и го загубив слухот на десното уво. Ми кажаа дека никогаш повеќе нема да играм тенис. Тогаш дојде депресијата. Не можев да одам, а само што ми кажаа дека нема да можам да се посветам на нешто што го сакав цел живот“, признава Грнчаров во интервју со новинарот Џорџ Белшоу.
New tan and some practice. 2018 I’m coming strong! pic.twitter.com/UqpRY0MU7i
— Darko Grncarov (@DarkoGrncarov) November 19, 2017
Со поддршка на семејството, посебно на неговата сестра Елена и нејзиниот сопруг, фудбалерот на Пелистер, Благоја Љамчевски, но и со поддршка на дел од тениското семејство, младиот тенисер реши дека нема да се откаже. Тој почнал тајно да тренира и во ноември се врати на терените.
„Морав да одам полека. Најголемите специјалисти за мозочни удари од Канада ми дадоа некои лекарства и вежби за нозете. Ми кажаа да не се надевам многу и дека ќе ми бидат потребни пет до седум години да оздравам. Но јас потајно тренирав напорно. Мислев само на тенисот. По три-четири месеци, сите беа шокирани, но и исплашени да не ми се повтори ударот. Слухот можеби нема да ми се врати, но за среќа само тоа го загубив“, вели Грнчаров.
Today’s match point. Thanks for the amazing support guys! @WilsonTennis @TennisMagazine1 @TennisTV @Tennis ???? pic.twitter.com/jWHTVXLNkx
— Darko Grncarov (@DarkoGrncarov) July 12, 2017
Тој сега планира да се врати на Челенџ турнирот во Рен, Франција во јануари, но тоа не е крајната цел.
„Ако останам здрав сакам да сум во топ 100 што е можно побргу. Потоа ќе се борам за високите места. Имам уникатна игра – играм со еднорак бекхенд и имам форхенд со две раце. Исто така можам да играм и како левучар. Луѓето велат дека мојата игра наликува на таа на Енди Мареј и тоа е голема чест“, вели Грнчаров.
Hi guys, hope you can all take a look inside my tennis journey, battle with stroke and coma & I hope you can all retweet and let your fellow injured friends/family learn from this and never give up. I would be nothing without you guys, thanks for everything! https://t.co/oMd72610UH
— Darko Grncarov (@DarkoGrncarov) November 21, 2017