Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс (43) откри дека неодамна и била отстранета циста со големина на грејпфрут од вратот.
Сопственичката на 23 грен слем титули во видео на социјалната мрежа Тик Ток појасни дека во мај открила грутка на десната страна на вратот и дека со магнетна резонанца било утврдено дека е бенигна. Цистата на Серена не и била отстранета веднаш откако ја открила, туку дури откако пораснала.
„Открив голема маса на вратот и се згрозив. Направив неколку тестови и се беше негативно. На крајот морав да ја отстранам цистата, таа беше со големина на грејпфрут. Но, се успеа и јас сум многу среќена што се работев со прекрасни лекари. Сè уште се опоравувам, но се чувствувам добро. Здравјето е на прво место“, објави Серена Вилијамс.
Серена Вилијамс ја освои својата прва Гренд слем титула на Ју-ес опен во 1999 година, а последната во 2017 година на Австралија Опен, кој го освои седум пати. Таа исто така освои седум Вимблдони, шест Ју-ес опен и три Ролан Гаро. Вкупно, таа освои 73 турнири во кариерата и помина дури 319 недели на врвот на ВТА ранг-листата, вклучувајќи 186 недели по ред.