Унгарецот Кристоф Милак постави нов светски рекорд на 200 метри пеперутка пред домашната публика на Светското првенство во Будимпешта, испливувајќи 1:50.34.
Милак го подобри сопственото најдобро време поставено на СП во 2019 во Кина за 0.39 секунди, завршувајќи ја трката за ури 3.03 секунди пред Французинот Леон Маршан.
Олимпискиот шампион, Американецот Боби Финки стигна до злато на 800 метри слободно, откако Украинецот Михаило Романчук водеше до последното свртување и на крајот заврши како трет. САД доби уште едно злато откако Ник Финк победи на 50 метри градно, додека првото злато за Кина го освои Јанг Џуншуан во трката на 200 метри слободно.