Џон Милман е ривалот со кој ќе се соочи Роџер Федерер во третото коло на Австралијан опен. Мечот привлекува големо внимание бидејќи Федерер беше елиминиран од Миланн на Ју-Ес опен во 2018 година.
За да го елиминира Милман, кој е еден од најдобро физички подготвените тенисери Федерер ќе мора да се справи и со публиката. Милман е Австралиец и поради начинот на кој што игра е вистински миленик на навивачите.
„Добро е што ќе започнеме со 0:0. Што може да очекувате од мене и мојот тим? Па ќе се обидам да победам. Без оглед на конечниот резултат, на крајот од денот нема да заминам без голема борба. Доколку молњата може да удри два пати, нема да се жалам“, се пошегувал Милман алудирајќи на дуелот од Њујорк.
Сепак тенисерот од Квинследн е свесен дека Федерер одигра одлично во првите две кола на турнирот.
„Јасно е дека сум аутсајдер. Ѕвездите беа на моја страна една вечер на „Флешинг Медоуз“, но Роџер е еден од најголемите. Тој е класа, ќе мора да го играм најдобриот тенис доколку сакам да направам нешто“, завршил Милман.