Австралиецот Џон Милман ја освои својата прва АТП титула на 31 година, откако со 7:5/6:1 го совлада Французинот Адријан Манарино во финалето на Астана опен во Нур-Султан, престолнината на Казахстан
Милман на патот до финалето во два меча спасуваше меч-топки, за во неделата да го подобри скорот против Манарино на 3-0 и првпат да освои АТП титула по два порази во претходните финалиња (во 2018 во Будимпешта од Марко Чекинато и во 2019 во Токио од Новак Ѓоковиќ).
Millman’s the man in Nur-Sultan ?
Australia’s @johnhmillman claims his maiden ATP title, defeating Adrian Mannarino 7-5 6-1 at @AstanaOpen pic.twitter.com/MCWIov1QP1
— Tennis TV (@TennisTV) November 1, 2020