Mint Fintech Group, битолската компанија за финансиски и осигурителни услуги беше дел од „Food Drive“ во организација на Црвен крст ОО Битола и Лајонс клубот „Хераклеа“. Како лидер во финансиските решенија, кој посветува значително влијание на заедницата, се вклучи во традиционалниот годишен настан – народна кујна за социјално загрозените семејства со донација и со присуство на вработените.
Компанијата ги обезбеди сите потребни продукти за подготвување на оброците. За несебичниот ангажман и за поддршката, а во контекст на промоцијата на хуманите вредности, им се заблагодари претседателката на Црвениот крст, Лилјана Ристевска, која ги повика и другите компании да го следат овој позитивен пример. Претставниците на Mint Fintech Group најавија континуирана поддршка, а од ЛК „Хераклеа“ изјавија дека продолжуваат да ги негуваат вредностите на помагање на оние на кои им е најпотребно.
ПР текст
Текстот Mint Fintech Group дел од хуманитарниот настан „Food Drive“ е превземен од МАКФАКС.