Top Sport

Миочиќ добро заработил од победата над Нгану

Стипе Миочиќ останал без бонусот за победата над Френсис Нгану, но сепак остватил добар приход од оваа борба.

Миочиќ испиша историја во ММА, откако во УФЦ против Нгану трет пат успеа да ја одбрани титулата во тешка категорија. Миочиќ за победата над Нгану заработил 600.000 долари, сума која ја добил и за претходните две борби. Покрај тоа Миочиќ од спонзорот „Рибок“ добил 40.000 долари.

Нгану кој против Миочиќ издржа пет рунди, а мечот го загуби едногласно на поени, од борбата заработил 500.000 долари. Истата сума ја добил и првакот во полутешка категорија Даниел Кормие, за победата над Волкан Оздемир.

Инаку Кормие ќе му биде следниот противник на Миочиќ.

Scroll to Top