Стипе Миочиќ ја „преживеа“ лудата прва рунда, за потоа на доминантен начин да го совлада Френсис Нгану и да влезе во историјата како единствен во УФЦ кој трипати ја одбранил титулата во тешка категорија.
Како главно шоу на УФЦ220 во Бостон, Американецот со хрватско потекло на моменти беше послабиот противник од предизвикувачот Нгану, но по големата битка во првата рунда, Миочиќ доминираше против сè поуморниот противник за да победи со 50:44, 50:44, 50:44.
We have NEVER seen Francis Ngannou like this before ?
Stipe Miocic has put on a champion’s display ? #UFC220 pic.twitter.com/myfDxZLh4v
— UFC 220 on BT Sport (@btsportufc) January 21, 2018
Миочиќ откако доби удар во телото од Нгану на почетокот на мечот, бргу го однесе предизвикувачот на подот, но ота не траеше долго. Нгану беше поагресивниот борач во првата рунда, но и шампионот не беше за потценување.
По победата, Миочиќ откри дека мечот не бил најважен за него, бидејќи неодамна открил дека ќе стане татко.
“I’m going to be a dad!” ?
Congrats, champ! @StipeMiocicUFC #UFC220 pic.twitter.com/9K8OREDzUz
— UFC (@ufc) January 21, 2018