Top Sport

Миочиќ ја одбрани титулата во УФЦ: Јас сум најголемиот тешкаш во историјата!

Американскиот борец со хрватско потекло, Стипе Миочиќ ја одбрани титулата во тешка категорија во УФЦ. Тој со едногласна одлука на судиите го победи вторпат по ред Даниел Кормиер.

На почетокот на борбата двајцата беа претпазливи, а во втората рунда Кормиер беше подобар.

Сепак, набрзо ситуацијата се проени и Миочиќ со одлична серија удари малку фалеше да го нокаутира Американецот.

Од тој момент Кормиер имаше проблем со левото око кое беше затворено, па следуваа 15-тина значајни удари во неговото тело за пораз во мечот

Петтата рунда одлучуваше и во неа Миочиќ беше поактивен, имаше повеќе удари и на крај заслужено триумфираше.

По мечот, самоуверено Миочиќ рече дека тој е најголемиот тешкаш во историјата!

„Мислам дека е така. Мене ми е најважно што нешто оставам зад себе и што и покажав на ќерка ми дека можам да се грижам за неа. Тоа ми е најважно. Ги победив сите борци во мојата категорија. Уживам во ова што го правам“ рече тој по мечот.

Scroll to Top