Стипе Миочиќ трет пат го одбрани појасот во УФЦ, во тешка категорија и стана првиот кој направил таков подвиг. Миочиќ во пет рунди убедливо го порази Франсис Нгану и победи со едногласна одлука на судиите.
Најдоминантниот тешкаш во историјата на УФЦ на прес конференцијата на прес конференцијата не бил во најдобро расположение бидејќи во првите две рунди доби неколку тешки удари кои оставија трага врз неговото лице.
На првото новинарско прашање за ударот на Нгану Стипе рекол: „Сакаш ли тебе да те удри? Погледни го моето око“.
Подцона кога го „вратил“ расположението одговорил на уште неколку прашања, меѓу кои и она дали се смета дека е најдобриот на сите времиња во тешка категорија.
„Не ме интересира што се случува, сакам само да си одам дома, кај сопругата. Сакам да се одморам и да уживам“, рекол Миочиќ.
Веднаш по мечот тој објави дека наскоро прв пат ќе стане татко.
Противникот на Миочиќ на прсот стигнал видно уморен и разочаран од поразот.
„Научив нешто ново, она што ми недостигаше. Ова ми беше последна лекција во овој спорт. Досега не сум имал борба во пет рунди. Ова ми беше првата. Згрешив. Стипе беше многу цврст, не го очекував тоа. Го потценив. Тој е паметен борец.“
Нгану признал дека по третата рунда бил многу изморен, верувал дека може да го нокаутира противникото но „телото не го пратело неговиот ум“.