Top Sport

Мирисот на марихуана му го одвлече вниманието на Кирјос

Контроверзниот Асвтралиец, Ник Кирјос, познат како човек кој коментира и се расправа со сите во текот на мечевите, имаше интересна реакција на Ју-ес опен.

Кирјос во второто коло за противник го имаше Бенџамин Бонзи, во текот на мечот му се жалелше на судијата дека му пречи мирисот на марихуана.

Му се пожалил на судијата дека мирисот влијае врз неговата игра.

Мирисот на марихуана го потврдил и снимател кој стоел во близина, додека коментаторот рекол дека видел некој како пуши трева.

Пушењето не е дозволено на стадионите, но на полнолетните жители на Њујорк им е дозволено да консумираат марихуана.

Инаку, Кирјиос го победи Бонзи со резултат 7:6, 6:4, 4:6, 6:4.

Scroll to Top