Top Sport

Млада скијачка од Словенија загина во Норвешка

Младата словенечка скијачка Хана Јамник трагично почина во Норвешка, соопшти Скијачкиот сојуз на Словенија.

19.годишната Јамник почина на подготовките за новата сезона. Детали за тоа што се случило не се објавени, но се вели дека нејзината смрт е последица на „трагичен инцидент“.

Норвешките медиуми јавуваат дека Словенката утрото на 11. август паднала под камион во тунелот на автопатот 523 во 8 часот и 41 минути додека тренирала на ролери. Таа била тешко повредена и со хеликоптер била пренесена во клиничкиот центар во Ставангер, но за жал таму не можеле да и помогнат. Полицијата веста за смртта ја соопшти во 13 часот и 54 минути.

Камионџијата кој беше обвинет за прекршување на сообраќајните правила, се изјасни за невин и тврди дека тоа што се случило е трагична несреќа.

Талентираната скијачка беше вклучена во репрезентацијата на Словенија за претстојната сезона.

Scroll to Top