Поранешниот борачки шампион на САД, Арон Пајко имаше неверојатен нокаут над Џон де Хесус во нивниот меч на Белатор 222, уништувајќи го во втората рунда со брутален удар, по што со низа удари примора предавање, по што тргна до „аголот“ на противникот со навреди и закани.
Со шестиот нокаут во седмата победа во кариерата (и трета оваа година), 24-годишниот Пајко откри дека бил навреден од однесувањето на Де Хесус пред мечот, кога тој и неговиот тренер се обиделе да го испровоцираат во хотелот каде што биле сместени.
„И пред мечот знаев дека ќе го нокаутирам и тоа ми се оствари. Беше смешно да се види како не ме почитува, и тоа ме налути. Едно нешто е да се тепаш, а друго да провоцираш. Ова е порака до сите следни кои сакаат да ми направат такво нешто“, изјави Пајко.
AARON PICO WITH AN ABSOLUTE BOMB OF A RIGHT HAND #Bellator252 pic.twitter.com/yrHamBDNtn
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) November 12, 2020