Top Sport

ММА: Битка на „Хулкови“ – Чеченецот го предизвика Иранецот на дуел во кафез

Чеченскиот ММА фајтер, Ашаб Тамаев, кој има прекар „Хулк“, го предизвика иранскиот силен човек Саџад Гариби на пресметка, велејќи дека тој не е достоен да го носи прекарот „Хулк“.

Тамаев, кој исто така може да се пофали со импресивни мускули, го предизвика Гариби преку Инстаграм

„Саџад, ти се нарекуваш Иранскиот Хулк, но мислам дека си дебел за да имаш таков прекар. Има само еден Хулк, и тоа сум јас. Да видиме што можеш да направиш во кафез“, напиша Тамаев.

20-годишниот Тамаев нема најдобар скор во ММА борбите, иако стана познат по неговата битка со Филип „Марвин“ Третјак во декември 2018 – нивната борба има над 16 милиони прегледи на Јутјуб.

Гариби, пак, стана познат пред пет години, кога изјави дека е подготвен да се бори против терористите од ИСИС во Сирија. Со речиси 200 килограми и речиси 2 метри, тој уште нема официјална борба.

Scroll to Top