Лом-Али Налгиев го совлада Иманали Гамзатханов со брутален удар со петица во Русија на АЦА 111 ММА настанот, и тоа со удар кој е на граница на легалностас.
Гамзатханов ја имаше контролата на мечот држејќи ја левата нога на Налгиев во воздух, додека ривалот беше на подот, но одлуката да не се брани беше сосема погрешна, добивајќи директен удар во фаца.
Lom-Ali Nalgiev knocks out Imanali Gamzathanov with an upkick at #ACA111 pic.twitter.com/L2YkkUQuS9
— Will (@ChillemDafoe) September 19, 2020
Необичниот нокаут секако е неверојатен, но според многумина би требало да биде нелегален во ММА кафезите. Други фанови пак, се потсетија на холандскиот фајтер во Белатор, Џегард Мусаси, кој уште во 2008 година го победи Роналдо Соуза за титулата со ваков удар.
Mousasi's upkick on Jacare is one of my favorite KO's #UFC210 pic.twitter.com/67FUwPxWbO
— MMA GOSSiP (@MMAxGossip) April 8, 2017