Top Sport

ММА: Е, ова се „супер-тешкаши“ – утре судир на Пудзјановски и Усман

Утре во организација на полската ММА промотивна куќа КСВ ќе се случи судир на „ѕверовите“, огромните Мариуш Пудзјановски и Серињ Усман, двајца ММА фајтери со над 120 килограми.

Двајцата ММА фајтери имаа релативно пријателско соочување при гостување на полската ТВ, пред да си ги споредат бицепсите. „Дали кафезот може да ги заддржи во сабота“ е мотото на промотерската куќа пред дуелот.

Пудзјановски, поранешниот „најсилен човек“ на светот, на мерењето имаше 120.2 килограми, додека, „Бомбардерот“ од Сенегал, Усман тежеше фантастични 151.2 килограми. Ова е прв меч на Пудзјановски по двегодишна пауза, по победата над Ерко Јун во ноември 2019 година.

Scroll to Top