Босанскохерцеговскиот ММА фајтер, Денис Стојниќ стана „херој“ на Интернет откако се појави снимка на која тој застанува во одбрана на една девојка пред неговиот ноќен клуб.
Кога Стојниќ забележал на камерите дека пред ноќниот клуб човек ја тепа девојката која беше во негово присуство, тој излезе надвор и лесно се справи со силеџијата
38-годишниот Стојниќ беше дел од најславната ММА федерација, УФЦ, каде што имаше осум победи во низа во тешка категорија, пред да направи пауза која трае веќе две години.