Поранешниот шампион на ПРИДЕ, рускиот ветеран Федор Емелианенко е во клиника во Москва поради тоа што се заразил со КОВИД-19, јавува руската новинска агенција „РИА новости“. Детали околу неговата здравствена состојба не се објавени, но на неговата официјална Инстаграм страница има благодарност за пораките кои ги добил.
„Благодарност за сите кои се загрижени за моето здравје. Се чувствувам добро и се опоравувам. Благодарност до докторите и медицинскиот тим за нивната работа“, напиша Емилианенко.
Популарниот Федор е познат како еден од најдоминантните „тешкаши“ во ММА историјата преку јапонската промотерска куќа ПРИДЕ (каде што е непоразен) и во која победи фајтери како Мирко Кро кап Филиповиќ, Марк Колмен и Антонио Родриго Ногуеира.
Русинот последен пат беше во акција во Белатор федерацијата во декември 2019, кога го победи Квинтон Џексон во втората рунда. И покрај двете децении во кафезот, УФЦ никогаш не успеа да го добие неговиот потпис, иако во 2012 се преговараше за меч со поранешниот шампион Брок Леснар.