Top Sport

Кавани ја откри интересната причина за прославата со лак и стрела

Ветеранот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани ја откри приказната зад неговата уникатна прослава на постигнатите голови со лак и стрела, откако вчера погоди против Фулам.

33-годишниот Кавани одлично се вклопи во Манчестер јунајтед по седумгодишниот престој во Пари Сен-Жермен, каде што постигна 200 гола во 301 меч, и има постигнато пет гола во 17 меча за „ѓаволите“ и покрај тоа што во поголемиот дел од мечевите влезе како замена.

„Се работи за долга приказна и е поврзана со историјата на мојата земја Уругвај, и домородното население, Чаруас. Кога се роди мојата мала ќерка Индија, нејзиното име беше посветено на домородните Уругвајци. Затоа таа стрела, која ја земам и стрела, е прослава на голот која ги обединува тие работи – мешавина на името на мојата ќерка и домородното население. Има посебно значење за мене и секогаш внимавам да го направам тоа“, вели Кавани.

Scroll to Top