ММА легендата, Вандерлеј Силва вели дека е среќен што е жив откако доби исеченици на лицето и скршно стапало по втор судир со автомобил додека возел велосипед во неговата татковина Бразил.
Поранешниот Прајд шампион и УФЦ ѕвезда, бил исфрлен од својот велосипед вторпат во последните четири години, но за разлика од судирот во 2016, овојпат возачот не избегал од местото на несреќата.
„Да не носев кацига, можеби ќе умрев од повредата. Првиот семафор кој го поминав беше зелен, но не сум сигурен за вториот. Возачот беше во ред, застана и ме однесе во болница. Луѓето мораат да бидат повнимателни во сообраќајот“, вели 43-годишниот Силва по судирот во неговиот роден град Куритиба.
Ова е само еден момент од бурната недела на Силва, кој беше вклучен и во јавните протести во вторникот по немирните протести во кои се запали бразилското знаме. Силва организираше марш заедно со повеќе членови на фитнес-организациите по штетата која беше направена од анти-расистичките протести.
Силва во својата кариера имаше 51 меч во средна категорија, пред во неговиот последен меч во УФЦ во 2013 година во средно-тешка категорија да го победи Брајан Стен.