Top Sport

ММА лудост – судијата давеше фајтер за да го прекине мечот!

Во ММА кафезите можат да се видат многу чудни работи, но на мечот во Киргистан за првпат имавме шанса да видиме две давења во еден меч, откако судијата со крајни напори натера еден од фајтерите да престане да го дави противникот.

Дуелот меѓу Дулотбек Нарматов и Саидбурхон Саидакбарова на „ВЕФ 35“, Нарматов го фати противникот без излез, и иако тој дури пет пати се обиде да го предаде мечот, противникот не го пушташе. На крајот, мораше да интервенира судијата, кој почна да го дави Нарматов, кој конечно ја прослави победата.

Нарматов не сфати што згрешил и дури се обиде да го утеши противникот, но најверојатно ќе добие казна за ваквиот потег.

Scroll to Top