Поранешната надеж на УФЦ федерацијата, „Супер“ Сејџ Норткат го имаше своето деби за азиската промоциска куќа „ОНЕ шампионат“ за да добие застрашувачки нокаут со првиот удар од Бразилецот Космо Александер во Сингапур.
23-годишниот Норткат потпиша со ОНЕ минатиот ноември, кога азиската куќа ги презема од УФЦ и Еди Алварез, Деметриус Џонсон и Витор Белфорт, но не успеа да има успешно деби откако беше „спружен“ по само 29 секунди од поранешниот кик-бокс и муај таи шампион, Космо Александер.
37-годишниот Бразилец сега има осум победи во низа по ММА правила, вклучувајќи ги претходните пет победи во низа во Белатор.
JUST. LIKE. THAT! Cosmo Alexandre knocks out Sage Northcutt 29 seconds into the first round ? @CosmoAlexandre #WeAreONE #EnterTheDragon #Singapore #MartialArts pic.twitter.com/Nh32Z1LNjU
— ONE Championship (@ONEChampionship) May 17, 2019