Top Sport

Надал ќе добие шанса за одмазда против Циципас

Рафаел Надал обезбеди нова полуфинална престрелка со Стефанос Циципас, откако го декласираше својот шпански сонародник Фернандо Вердаско на Мастерсот во Рим.

Осумкратниот италијански шампион Надал го победи Вердаско со 6:4/6:4 откако вчера во два одиграни меча дозволи само два гема на противниците, покажувајќи дека полека се враќа во форма пред Ролан Гарос.

Надал во сабота ќе игра со Циципас, една недела откако Гркот успеа да го победи во полуфиналето во Мадрид. Циципас влезе во полуфиналето без меч, откако Роџер Федерер се повлече поради повреда на десната нога.

Во другото полуфинале веќе се пласираше Аргентинецот Диего Шварцман, откако лесно со 6:4/6:2 го победи Кеи Нишикори. Шварцман го чека подобриот од дуелот на Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро.

Scroll to Top