Top Sport

Махачев со порака за Мекгрегор: Еден Дагестанец ќе ти ја скрши фацата

Рускиот УФЦ фајтер во лесна категорија, Ислам Махачев одговори на провокацијата од Конор Мекгрегор, кој го нарече „дете кое носи вода“, откако Абдулманап Нурмагомедов порача дека Ирецот треба да се бори со некој како Махачев пред да добие шанса за реванш против Хабиб Нурмагомедов.

Мекгрегор ја искористи посетата на Москва оваа недела да објави кам-бек во УФЦ октагонот во 2020, почнувајќи со дуел на 18 јануари во Лас Вегас, за потоа да се бори со победникот од дуелот Нејт Диаз-Хорхе Масвидал и шоуто да кулминира со можен ри-меч со Хабиб во Москва.

Но, ова сценарио на Мекгрегор не наиде на добра реакција на Абдулманап Нурмагомедов, кој порача дека Ирецот треба да се соочи со Махачев, кој има 7-1 скор во УФЦ.

„Дадете му го Конор на Ислам Махачев, јас имам други планови. Тој ќе биде на подот по една рунда“, изјави Абдулманап.

Мекгрегор по ова го нарече 28-годишниот Махачев „дете кое носи вода“ и нутриционист на тимот, посочувајќи дека не влегува во октагонот со „признат корисник на стероиди“. Махачев имаше позитивен тест во 2016, на контроверзното средство мелдониум, кое таа година беше поставено на листата на забранети супстанции.

„Да, ти повеќе би сакал да се тепаш со стари луѓе, отколку со уште еден Дагестанец кој би ти ја скршил фацата“, вели Махачев.

Мекгрегор ќе добиеше шише во глава поради навредите кон Дагестанците (видео)

Scroll to Top