Убавата Русинка, 21-годишната Дијана Авсарагова, со прекар „Пантера“, објави дека потпишала договор со Белатор федерацијата во обид да го продолжи својот победнички старт на кариерата.
„Пантера“ има 2-0 скор во професионални мечеви, победувајќи во последниот меч во меј на Тајтан ММА настанот во Тбилиси, Грузија. Авсарагова е блиска пријателка и тренинг-партнер на Грузијката Лиана Јојуа, која беше поразена во своето УФЦ деби на УФЦ 242 во Абу Даби во септември.